Ердоган: Турција е оставена сама да се бори , Европа е диктаторска !

од Vladimir Zorba
72 прегледи

 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера ја обвини меѓународната коалиција која се бори против Исламска држава во Сирија дека неговата земја ја остави сама да се бори против џихадистите на своја територија.ердо

– Не оставија сами во нашата борба против оваа организација која ја пролева нашата крв со самоубиствени напади и напади врз Килис, рече Ердоган, мислејќи на пограничниот турски град што редовно е цел на ракетни напади од Сирија.

– Во Сирија никој од оние кои велат дека се борат против Исламска држава не претрпе загуби како нас, ниту плати висока цена како нас, рече Ердоган.

Ердоган повторно ги искритикува европските земји, обвинувајќи ги за диктатура и бескрупулозност бидејќи своите граници ги држат затворени за мигрантите и бегалците, кои бегаат од судирот во Сирија.

Европските земји „немаат милост, ниту правда“, рече Ердоган, во обраќањето на фестивалот на краткиот филм под називот „Милост и правда“во Истанбул, наведуваат американските медиуми.