(ВИДЕО) Кривична пријава за Командирот на полицијата во Велес од ВМРО-ДПМНЕ

од desk3
74 прегледи

Незаконското работење и злоупотребите на службената положба од страна на функционерите од ВМРО-ДПМНЕ не престануваат. Незаконското работење е одлика на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.
Уште еден функционер од ВМРО -ДПМНЕ работел незаконски!
Имено, Министерството за внатрешни работи до Основното Јавно Обвинителство – ВЕЛЕС поднесе кривична пријава против полицискиот службеник – Командир на ПС – ОН Велес, Командирот Д.Ѓ. за сторено кривично дело ,,Несовесно работење,, од член 353-б од Кривичниот законик .
Командирот на ПС Велес работел спротивно на законот и неговите службени овластувања и не превземал службени дејствија што бил должен да ги превземе согласно неговите работни задачи

-ОО-СДСМ-Велес-09.05.2016

.
Постои основано сомневање дека тој спречил да се процесуираат 16 изготвени барања за поведување прекршочна постапка, за констатирани прекршоци против јавниот ред и мир и Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, против сторители на прекршоци, за кои, во прилог на изготвените барања биле обезбедени и соодветни докази .
Иако во службената евиденција на МВР- СВР Велес, односно, во полициските уписници е заведено дека изготвените барања се процесуирани до Секторот за прекршоци – Велес и Основниот суд – Велес , од добиените службени известувања од наведените органи – произлегло дека изготвените барања за поведување прекршочна постапка , воопшто не се доставени до надлежните органи и не се процесирани .

Како резултат на недоставувањето на барањата за поведување на пркршочна постапка до надлежните органи настапила АПСОЛУТНА ЗАСТАРЕНОСТ на прекршочно гонење на сите наведени барања, со што, со своето незаконско постапување осомничениот Командир Д.Ѓ предизвикал неможност за казнување и санкционирање на сторителите на прекршоците и предизвикал штета на буџетот на РМ.
Кого и зошто штител командирот Д.Ѓ и по чија наредба?
Дали и во овој случај сервилноста на Командирот Д.Ѓ. кон високи партиски функционери на државната и локалната власт – довела до тоа – личниот и теснопартискиот интерес да биде над принципот на владеење на правото и почитување на службените должности ?
По промените, на следните фер и демократски избори, секој што го прекршил законот ќе одговара. Доаѓа слободна и демократска Македонија во која подеднакво за сите ќе важат законите.