Тројца Македонци со офшорки-Панама ќе соработува во меѓународната истрага за сметките

од Vladimir Zorba
197 прегледи

 

Тројца Македонци се појавија на интернет страницата на Меѓународниот конзорциум на новинари истражувачи, каде вечерва беа објавени податоците од скандалот наречен „Панама Пејпрс“.104446279357021c2c0ce76421507896_orig Претседателот на Панама Хуан Карлос Варела денеска изјави дека неговата земја ќе ги споделува информациите и ќе соработува со меѓународната истрага за панамските офшор сметки, по вчерашното обелоденување на дел од таканаречените „Панамски документи“, пренесуваат американските медиуми.

Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари вчера на својот сајт закачи дел од милионите документи, кои „протекоа“ од   панамската адвокатска фирма „Мосак Фонсека“ за користење на даночните раеви и “фантомски фирми“ од богати и моќни луѓе со цел прикривање на пари и одбегнување на плаќање даноци.985409409434343-768x331

„Мосак Фонсека“ соопшти дека протекувањето на документите е резултат на хакерски напад во нивниот систем.

Кои се првите Македонци кои се појавија во „Панама пејперс„

Варела пред новинарите во Панама Сити кажа дека мисли дека треба поинтезивно  да почне да се зборува за тоа што се случува во Панама. „Панамските документи се проблем на светскиот финансиски систем“, додаде тој.

Истражувачките новинари, кои ги проучуваат информациите од Панамските документи, соопштија дека адвокатската фирма „Мосак Фонсека“ имала врски со десетици Американци, обвинети за финансиски прекршоци. Новинарите изјавија дека една од дејностите на „Мосак Фонсека“ била да основа офшор компании за луѓе кои имале проблеми со правдата. Основањето офшор компании не е незаконско, но тие компании потоа може да бидат искористени за прикривање пари од властите, напоменуваат американските медиуми.p1

Тројца Македонци се појавија на интернет страницата на Меѓународниот конзорциум на новинари истражувачи, каде вечерва беа објавени податоците од скандалот наречен „Панама Пејпрс“.

Роланд Златку, Слободан Спасовски и Александар Пановски се имињата кои се најдоа во Панама документите.

На шемата на интернет страницата Пановски се поврзува со компанијата „Ориент Оил и Гас Лимитед”, која е регистрирана на адреса на Британските Девствени Острови. Имено, како што пишува, тој е директор и акционер во овој офшор субјект од 8 јуни 2009 година.

Името на Слободан Спасовски се поврзува со компанијата „Фисн Дел Лимитед”, регистрирана на Сејшелските острови, додека Роланд Златку е поврзан со компанијата „Енистон Девелопмент корпорејшн”, со адреса во Шангај, Кина, а регистрирана на Девствените острови.

Инаку, во аферата „Панама пејпрс” беа објавени податоци за повеќе од 200 000 офшор компании. Базата на податоци е од правната фирма „Мосак Фонсека“, еден од главните играчи во офшор бизнисот и содржи информации за 21 даночен рај од целиот свет и за лица од повеќе од 200 земји.

Засега аферата „Панама пејпрс“ резултираше со оставка на премиерот на Исланд и на шпански министер.