159
Состојки:
500 г филети од пастрмка
200 г домати, исечени
2 страка свеж босилок, сецкан
4-5 тркалца кромид
3-4 лажици маслиново масло
1 лажичка сол
1 лажичка црн пипер
Подготовка:
Зачинете го добро рибиното филе со зачините. Наредете го врз хартија за печење во плитка тава. Врз рибата распоредете на парчиња домати. Посипете со босилок и кромидот, кои претходно сте го исецкале.
Полејте со маслиново масло и прицврстете ја рибата во хартијата. Може да користите и алуминиумска фолија по желба.
Печете во загреана на 200 рерна печка за околу 15 минути.