Мосак Фонсека го возвраќа ударот – ќе го суди Меѓународниот конзорциум на новинари истражувачи

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Од фирмата посочуваат дека податоците се стекнати незаконски и се полни со грешки

панамаПанамско правна фирма “Мосак Фонсека”, која е во центарот на огромен скандал со документи, и откриени  детали за офшор финансиски трансакции, изјави дека ќе преземе правни дејства против Меѓународниот конзорциум на истражните новинари, пренесе Франс прес

Во изјавата  на фирмата  се наведува дека се инсистира пред конзорциумот да  се престане со објавување на информации од документите до кои според нив  е додено  преку хакерски пробив. Во понеделникот конзорциумот направи јавна база со податоци за околу 200 000 офшор компании. Тој истакна дека тоа не значи дека сите споменати  го прекршиле законот , но има и такви и треба да се истражува . Од “Мосак Фонсека” предупредија дека освен дека се стекнати противзаконски, податоците се и полни со грешки. Новинарски конзорциум разгласи бројни сведоштва, кои опишуваат детално како светски лидери, познати личности и компании користат офшор сметки, за да го заштитат од даноци својот капитал. средства.

Слични содржини