(ВИДЕО) Николовски: Обештетување на сточарите и одговорност за ширењето на болеста „Јазлеста кожа“

од desk3
73 прегледи

Болеста „Јазлеста кожа “ се шири во земјава со силно темпо и предизвикува сериозни штети за сточарите.

Најголема одговорност за ширењето на болеста и огромната штета кај сточарите има во институциите коишто не реагираа навреме.

Одговорните институции, пред се Агенцијата за храна и ветеринарство, сериозно задоцнија во превземањето на мерките иако уште во август 2015 година знаеле за појавата на болеста во регионот (Грција и Турција), и веројатноста болеста да се прошири во Република Македонија.

-Обештетување-на-сточарите-и-одговорност-за-ширењето-на-болеста-„Јазлеста-кожа“

Агенцијата за храна и Министерството за земјоделство во 2015 година не ја информираат јавноста или сточарите, не организираат ниту една медиумска дебата за болеста, не е подели ниту еден флаер или постер за можната појава на болеста. Не е организирано ниту едно советување за сточарите и ветеринарните работници како да ги препознаат симптомите на болеста и што да преземат доколку се појави, а се со цел што побрзо откривање и справување со болеста.

Агенцијата требала уште во 2015 година или пак на почетокот на 2016 год. да ја извести лабораторијата со која има склучено договор да набави сетови за лабораториско потврдување на болеста, но тоа не го сторила.

АХВ не предвидела ни средства во буџетот за вакцини и справување со болеста, таа дури пред велигденските празници побарала од владата да се обезбедат финансиски средства за набавка на вакцини и справување со болеста.

Не е точно дека АХВ и МЗШВ навремено обезбедиле вакцини.

Вакцини се уште нема!

Самите изјавија дека вакцините ќе пристигнат после 20 Мај 2016 година и дека вакцинацијата ќе започне дури по тој датум и дека за целосно спроведување на вакцинацијата ќе им биде потребен минимум еден месец.

Животните заштитен имунитет ќе стекнат дури 28 дена после вакцинирањето.

Што да прават сточарите дотогаш?

Затоа одговорнот мора да има.

Одговорните во МЗШВ и АХВ не кажаа ниту за колку дена после одземањето и убивањето на животните ќе бидат обештетени сточарите, 15, 20, 30 дена или после две години како што е случај со болеста Син јазик кај овците?

Кој ќе одговара за штетите од погрешно издадената забрана за откуп на млеко во афектуираните подрачја?

Бараме Владата да донесе одлука за обештетување на сточарите за непредаденото млеко на млекарниците како последица на погрешно пропишаната забрана за откуп на млеко од погодените подрачја наместо само од фармите кај кој е потврдена болеста.

Бараме точно да им се каже на сточарите во рок од колку дена откога ќе им биде убиен добитокот ќе бидат обештетени.