За што фантазирате најчесто? А кога фантазиите ви се поврзани со сексот? Излегува дека зад хороскопскиoт знак под кој сме родени може да се сокријат многу интересни мисли поврзани со најинтимните моменти. Кои се најчестите сексуални фантазии на различните ѕвездени знаци видете во следните редови.
Овен
Овенот е примарен знак. Родените во овој знак ги сакаат предизвиците кои креваат адреналинот им. Ова правило важи и за сексот. Овните сонуваат див и скриен секс, утрински секс, кој ни од далеку не е мрзелив, како и да ги вклучуваат во сексуалните моменти своите фетиши.
Бик
Биковите сакаат да се претстават на ниво при секоја средба со спротивниот пол. Сонуваат и се стремат во љубов со партнерот, да има повеќе сензуалност. Фантазиите речиси секогаш наоѓаат примена и често се остваруваат. Во сексуалните игри има место за афродизијаци, страсни бакнежи, а времето … за нив таков термин во сексот не постои.
Близнаци
Близнаците се едни од најголемите визионери и нивните сексуални фантазии по ништо не отстапуваат од останатите соништа. Родените под овој знак сонуваат за разновидност, див и груб секс, сензуален орален секс (омилената секс поза за нив е “69”). Исто така сонуваат да можат слободно да зборуваат за секс желби со партнерот, а понекогаш да имаат и случаен секс. Дали ги остваруваат своите соништа? Дефинитивно!
Рак
Претставниците на знакот Рак се големи романтичари. Иако во сексуалните фантазии има многу романтика, тие сонуваат за секс игри во улоги. Но, не би се запреле само тука. Во фантазиите, кои често се исполнуваат, има еротска облека, завои на очите и сензуални мириси.
Лав
Претставниците на знакот Лав се не помалку палави во сексуалните соништа. Тие силно се возбудуваат од убави долги коси, флерт пред предигра, благи гребнатинки по кожата. Лавовите сонуваат за секс на отворено, на убави места како плажи, некаде во планината, дури и со ризик да бидат откриени од случајни луѓе во поминување.
Девица
Сексуалните соништа на Девиците речиси секогаш се поврзани со послушност. Во нив не се тие власта, туку се предмет на командите на партнерот. Им се допаѓаат секс улоги и игри кои вклучуваат маски, лисици, кои предизвикуваат блага, но возбудувачка болка.
Вага
Сексуалните фантазии на Вагата секогаш се поврзани со нивните фетиши. Исто така во претставите за одлично искуство секогаш е присутно шлапкањето по задникот, благото повлекувања на косата, поставувањето на преврска на очите. Бидејќи се многу колеблив знак ретко се осмелуваат да ги споделат своите желби на партнерите.