Божиновски пред судот негирал за се во “Шпион”, адвокатите побарале укинување на притворот

од desk3
86 прегледи

Новинарот Зоран Божиновски, од притворот во Шутка беше донесен на распит во Кривичниот суд каде даде исказ за случајот „Шпион“. Како што соопшти претседатеклот на ЗНМ- Насер Селмани кој бил информиран од адвокатите, Божиновски во својот исказ категорично ги негирал сите наводи дека сторил било кое од кривичните дела кои му се ставаат на товар.

zoran-bozinovski (1)

“Тој ги изнел и причините заради кои смета дека Обвинителството не располага со докази со кои може да ги потврди наводите изнесени во барањето за спроведување на истрага. Предеметот на Божиновски е сеуште во фаза на истрага. По завршување на распитот, одбраната поднесе предлог за укинување на притворот”- информираше Селмани.
Божиновски минатиот месец беше уапсен во Нови Сад, врз основа на меѓународната потерница која беше распишана против него во ноември 2013 година, како осомничен во случајот „Шпион“, и веднаш беше екстрадиран во Македонија.

Божиновски во случајот „Шпион“ се товари за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Слични содржини