ДС: Изборите- театар на апсурдот,ОБСЕ и ОДИХР да ги повлечат набљудувачите

од desk3
72 прегледи

Демократскиот сојуз, смета дека, продолжување на изборниот процес со поднесување на листи на кандидати за пратеници од страна на ВМРО-ДПМНЕ, претставува театар на апсурдот и ја продлабочува и заострува политичката криза.

pavle-685x320
Наместо разумно и државничко однесување, сведоци сме на ставање на личните над државните интереси.
ДС инсистира на итен политички договор за одлагање на изборите, повлекување на аболицијата и избор на експертска Влада со јасен мандат, да спроведе реформи и ја стабилизира состојбата и обезбеди услови за избори.
Сугерираме ОБСЕ и ОДИХР да ги повлечат наблудувачите.

Слични содржини