Берлин: Македонија нема време, партиите да си ги завршат брзо потребните реформи

од Vladimir Zorba
81 прегледи

Груевски и Заев треба да вложат максимални напори за реформи.

4812723Времето е малку и потребни  се напори од сите политички партии, за да се одржат потребните реформи. Ова го изјави специјалниот претставник на Германија за Македонија Јоханес Хајндел, кој вчера допатува во скопје како специјален пратеник на Меркел, кој заедно со гаранторите САД и ЕУ ќе помогнат во изнаоѓање на решението за излез од политичката криза во Македонија.

“Дојдов во Македонија, за да се запознаам од прва рака со ситуацијата на лице место. Настаните од последните денови јасно покажаа дека времето е кратко и сега се потребни заеднички напори на сите политички партии, за да се одржат потребните реформи и одлучно да се продолжи по патот “, изјави Хајндел . За време на неговатадводневан  посета тој  вчера првин протоколарна се состана со македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски. За време на разговорите меѓу двајцата се дискутира начините за изнаоѓање на излез од политичката криза во земјата, а исто така е наведено важноста да се продолжи сите реформи кои Македонија се обврза да спроведе за пристапување кон Европската унија. Никола Попоски изразил благодарноста на Скопје за поддршката што неговата земја ја добива од Германија.

Потоа саледува средбата со претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски. Засега само протоколарни информации. И следната кратка по средбата е таква

Соговорниците разговарале за актуелната политичка состојба, создадената криза, како и за стратешките цели на државата вклучително и евроатланските интеграции на Република Македонија.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, како што соопшти партијата, истакнал дека се посветени кон изнаоѓање на решенија кои би значеле брз излез од политичката криза. Груевски посочил дека е потребна волја и посветеност на сите субјекти, како и нивна активна партиципација и искрен пристап

Денеска повереникот на Меркел ѓе се сретне со лидерот на опозицијата Зоран Заев и со Ахмети и Тачи како потписници на договорот од Пржино. Пораките веројатно како соопштение че стигнат подоцна по средбите и консултациите со гаранторите. А Најсилите пораки сепак дојдоа токму од нив , од САД и ЕУ : да се свика собранието,  да се повлече аболицијата, да се откаже датумот за избори на 5 јуни, и создадат услови за кредибилни избори.

ambasada-na-sad

Фактот дека само една голема политичка партија поднесе кандидатски листи за изборите за 5 јуни ја потенцира и засилува загриженоста дека условите не се погодни за спроведување на кредибилни избори, велат од амбасадата на САД,  за чекорот на владејачката партија сепак да поднесе кандидатски листи на пратеници до Државната изборна комисија (ДИК).

– Останува уште недовршена работа во врска со реформите во медиумите, заплашувањето на гласачите, како и избирачкиот список. Помилувањата на претседателот од 12 април само придонесоа кон зголемување на чувството на неказнивост, особено што се однесува за можни изборни злоупотреби. Доколку има избори на 5 јуни, тие нема ништо да придонесат за решавање на политичката криза во Македонија или за изградба на доверба во институциите, а само ќе ја загрозат евро-атлантската интеграција на земјата – велат од амбасадата на САД.

Соединетите Американски Држави ги повикуваат партиите повторно да го свикаат Собранието, да ги откажат изборите, да ги поништат помилувањата, и повторно да се посветат на спроведување на агресивна реформска агенда втемелена во Пржинскиот договор, итните реформски приоритети на ЕУ, Извештајот на Прибе и препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

– Во партнерство со ЕУ, посветени сме да помогнеме во решавањето на состојбата, меѓутоа решението бара јасна демонстрација на политичка волја – велат од амбасадата на САД

 

 

Прочети още на: http://bgnes.com/sviat/balkani/4430140/

Слични содржини