Се намалува бројот на добиток, млеко, месо и јајца. Според информациите од Публикацијата за сточарство изработена од Државниот завод за статистика, освен во пчеларството во сите други гранки во сточарството, од 2011 до 2015 година статистиката регистрира намалување.
Бројот на говедата од 265 илјади во 2011 година, лани се намалил на 253 илајди говеда. Намалување има и во бројот на кравите и стелни јуници, кој од 164 илјади пред пет години, лани е намален на околу 157 илјади грла. Бројот на живината лани изнесувал 1,7 милиони броја, додека во 2011 година имало скоро два милиони броја.Пад е забележан и кај бројот на овците, козите, коњите. Зголемување има на пчелните семејства.
