Продажните цени на индустриските производи повисоки на месечно ниво

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Продажните цени на индустриските производи се повисоки за 0,3 проценти на месечно ниво, а се пониски за 4,3 проценти на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

proizvodi-600x450-564x272

Во март годинава, во споредба со претходниот месец, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во секторот рударство и вадење камен за 6,1 отсто, во секторот преработувачка индустрија се на исто ниво, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 0,7 отсто.

Продажните цени на индустриските производи на странски пазари се повисоки за 0,1 отсто на месечно ниво, а се пониски за 9,2 отсто на годишно ниво./извор Мета