Гошев: Мака мачевме да направиме квалитетни банки, а сега тоа се упропастува!

од Vladimir Zorba
107 прегледи

 

Во интервју за порталот Фактор екс гувернерот Петар Гошев одговара на тврдењето на актуелниот гувернер Димитар Богов дека добил документ што потврдува дека новиот газда на Алфа банка е Швајцарецот Анисур Кан, човек кој претходно имал обиди за влез во македонскиот банкарски сектор, но тогаш бил одбиен од Народна банка како несоодветен инвеститор.

gosev

Зошто – го прашуваат од Фактор екс гувернерот – го одбивте инвеститорот и дали е точно дека на Кан сте му дале лиценца за 9 % во ИК банка ?

Гошев: Централното прашање не е ниту цената, ниту тоа дали некогаш некој друг гувернер на истиот субјект му дал согласност да купи 9% од акциите на Алфа банка. Централното прашање е зошто еден фонд (ако добро сум разбрал) основан во 2015 година со капитал од 100.000 евра, добил согласност од НБРМ да биде сопственик (100% -тен) на една банка во Македонија – во случајот на досегашната Алфа банка и колку таквиот акционер смее да има управувачка контрола во една банка според одредбите на Законот за банки и соодветната подзаконска регулатива. Јас знам дека во 2007, а мислам и пред тоа и потоа, лицето Агинус Кан, во име на еден фонд од Швајцарија бараше да стане сопственик на 33% од ИК банка во Македонија. Не му дозволивме. Потоа бараше помалку, барем 20% од акциите на ИК банка. Заедно со супервизијата оценивме дека финансиски фондови не може да бидат иматели ниту на значителен дел од акциите на една банка (а тоа според Законот за банки е удел од 20% и над тоа и удел од 33% и над тоа), а уште помалку да го поседува одлучувачкиот пакет – над 50%. Ниту еден поединечен инвестициски фонд нема акции во некоја македонска банка со поглем процент од 10%. Тоа беше политиката на супервизијата на НБРМ. И таквата политика не е само во Македонија. Каква промена настанала во критериумите на супервизијата на НБРМ, тоа треба да го објасни Гувернерот и супервизорите на НБРМ. Зошто во одговорот на Гувернерот се подметнува ирелевантна информација? За непрофесионалната јавност? Нема доволно вистински аргументи за да се оправда одлуката? Да заклучам: како што тогаш не му дозволивме на ваквиот, или сличен акционер да има повеќе од 10% акции во некоја банка во Македонија, тоа не би го дозволил ниту денес. Во периодот 2004-2011 година мака мачевме да се ослободиме од неквалитетни акционери. Јавноста знае кој сé мораше да си замине од банкарството на Македонија поради неисполнувањето на соодветните стандарди.

Целото интервју со Петар Гошев прочитајте го тукa