Болеста јазлеста кожа кај кравите ќе го намали и така преполовениот сточен фонд во струмичко преупредуваат сточарите. Од година во година бројот на говедата во подогражденскиот според нив се намалува.
115
Тврдат дека на прсти се броеле бидејки никој од помладите не се занимава со овој бизнис. Ило Наков имал над 100 грла крави кој сега ги сведел на двесетина оти нема кој да се грижи за нив
Во повеке населени места во овој регион се регистрирани жаришта на Јазлеста кожа а грлата со сиптоми на ова болест се уништуваат. Во струмичко Иловица сточарите реагираат што надлежните не превенирале навремено и се плашат за својата иднина а вакцини сеуште нема
Државниот завод за статистика регистрира намалување на сточниот фонд за последните 5 години. Кај говедата, грлата се намалени за 13 илјади додека кај кравите и стелните јунци за околу 7 илјади грла. Според проценките на Агенцијата за храна и ветеринарство од јазлестата кожа се очекува да заболаа околу 3000 говеда/извор 24Вести
