(ФОТО/ВИДЕО) Први кадри од свадбата на малата ќерка на Ердоган

од desk3
91 прегледи

Пред 6000 илјади гости градоначалникот на Истанбул Кадир Топбаш ја венчаше ќерката на турскиот претседател Ердоган – Сјумеје. Таа се омажи за Селчук Бајрактар, син на бизнисменот Оздемир Бајрактар, сопственик на компанија за производство на беспилотни летала.Свидетел на свадбата од страна на невестата стана премиерот Ахмет Давутоглу, а од страна на младоженецот – началникот на Генералштабот на армијата ген. Хулуси Грини.

20160514.vcxwwlsfuk

По склучениот брак Ердоган имаше емотивно обраќање кон младоженците.

Свадбата се претвори во едно од најпознатите настани не само во Турција. Самиот Ердоган поканил 6000 гости, вклучувајќи и од странство. Стотици полицајци беа мобилизирани за заштита на настанот, а многу улици во Истанбул беа затворени.

111111(20)

Турските медиуми објавија дека младоженецот ја донел со автомобил невестата од претседателската резиденција “Тарабија” во Истанбул. Медиумите проширија фотографии на кои се гледа Сјумеје која седи на предното седиште во украсен со цвеќиња автомобил, управуван од младоженецот.

444444(5)

Сјумеје е најмалата од четирите деца на Ердоган. Родена е во 1985 година во Истанбул, учи во САД социологија и политички науки, а потоа завршува магистерски за економија во Лондон. Таа беше некое време советник на АКП за прашањата на надворешната политика, додека нејзиниот татко беше премиер, но престана да работи за партијата, кога Ердоган стана претседател во 2014 г, потсетува АФП.

555555(4)

Сјумеје е заменик-претседател на происламската група за заштита на правата на жените – Асоцијација за жените и демократијата.

Turkish President Tayyip Erdogan speaks during the wedding ceremony of his daughter Sumeyye Erdogan and her husband Selcuk Bayraktar in Istanbul, Turkey, May 14, 2016. Presidential Palace/Handout via REUTERS     ATTENTION EDITORS - THIS PICTURE WAS PROVIDED BY A THIRD PARTY. FOR EDITORIAL USE ONLY. NO RESALES. NO ARCHIVE.     TPX IMAGES OF THE DAY

Селчук Бајрактар ​​има завршено на Истанбулскиот технички универзитет, а потоа магистрирал од МИТ Универзитет и одбранил докторат на Технолошкиот институт на Џорџија. Тој раководи со технолошката активност на семејната компанија “Бајкар Макина”, која произведува беспилотни авиони и учествува во голем број проекти за развој на одбранбените системи на Турција.