Неизвесна е судбината на единствениот рудник за бакар во земјава. Радовишки „Бучим“ доколку не ја добие концесијата за експлоатација на руда во новиот рудник Боров дол, кој се наоѓа во соседните општини Штип и Конче за три години ќе се затвори, со што над 700 работници ќе се најдат на списокот за невработени, информира Телма.
За Боров дол се уште на жалост немаме добиено концесија за експлоатација. Сите концесии, сите одлуки се да бидат после изборите, денеска гледаме дека практично и не знаеме кога ќе бидат избори, така да тоа прашање за нас е многу важно, бидејќи Боров дол треба да претставува континуитет на работа на рудникот „Бучим“, кај кој рудните резерви завршуваат во 2019 година, а во најдобар случај 2021 година. Времето е релативно кратко и треба што побрзо да се дејствува.
Целиот текст можете да го видите тука
