“Никој нема право да претвора Турција во земја во која лавовите се осудени да бидат вегетаријанци”. Збунувачки? Кога е тоа употребено од претседателот Реџеп Таип Ердоган може да се покаже дека опстанокот на лавовите ќе зависи сеедно дали ќе се користи стар софтвер, иако се располага со модерен хардвер. Или не? Лавовите вегетаријанци и застарен софтвер , исто се како тесна кошула, ако користиме друга скорешна реченица од Ердогановите фрази.

Овие експресивни метафори се сведуваат на едно нешто – до работите кои се користат во решеноста на претседателот за придвижување на Турција далеку од парламентарниот систем, за кој тој вели, дека ја надминал својата корисност. Барем од неговиот избор на функцијата во август 2014 година Ердоган бара начини за поместување на центарот на власта во Турција кон претседателството, наместо во парламентот, проширувајќи го сетот од неговите овластувања на она што претходно беше претежно церемонијална улога.
Поради оваа причина економистот од “Capital Economics” Вилијам Џексон ги става последните пресврти во фразите на претседателот во континуитет со други изрази на неговата моќ, како отстранување на неговиот премиер, што ги полета пазарите минатата недела. Саркастична забелешка за лавовите е обид да се искористи инерцијата по соборувањето на премиерот Ахмет Давутоглу и да ги врати во агендата уставните реформи. Во интервју за агенцијата Блумберг поранешниот претседателски советник Бурхан Кузи откри дека задкулисите планови за политичка реформа се во полн замав. Владејачката партија во Турција може да изврши притисок за “пакет од мини уставна промена”, кој ќе му овозможи на Ердоган да го преземе раководството на владејачката АКП како преоден чекор на патот кон засилен претседателски систем, рече тој.
Претседателот сега би требало да е надпартиски, па Ердоган се откажа од врските со партијата која тој ја основа, кога беше избран во претседателството пред речиси две години. Во пресрет на заминувањето на премиерот Давутоглу, АКП планира да го избере својот нов претседател на вонреден конгрес, кој ќе се одржи подоцна овој месец. Со оглед на амбициите на Ердоган, новиот претседател не може да остане долго на ова место, рече Kузу, кој работел многу години за да го преформулира стариот устав на земјата.
Западен Балкан повторно буре барут, протестите продолжуваат
Сепак според Ердоган почетна точка е дека Турција може да се извиси само преку минатото кон претседателски систем. “Двоглавиот систем на управување” ја покажа својата неефикасност, рече тој, кога ја разгледуваше темата повеќе директно.
Лавовскиот коментар, направен во говорот во вторникот, одразува чувства изразени во посреќните времиња од поранешниот турски премиер Ахмет Давутоглу. Кога тој ја објави својата оставка минатата недела со одлука за која на прошталниот прес рече дека не е негова, тој понекогаш изгледаше како застапник на сопствената идеја преку лобирање за промена на уставот, кој ќе ги скрати неговите сопствени овластувања.

А сепак барем во еден случај Давутоглу изгледа ја припишува причината за губењето на партијата на првиот круг на парламентарните избори и притисокот на Ердоган кон посилно претседателство. Турскиот народ сака промена, но не надвор од парламентарниот систем, рече поранешниот професор по историја Давутоглу по првите, неубедливи парламентарни избори во јуни 2015 година. Тоа беше еден од првите знаци за несогласување со човекот кој беше избрал да го наследи.
Пред коментарите на Кузу изгледаше дека за да бидат проширени официјално овластувањата на Ердоган АКП би требало или да ја поминат променетата на уставот преку референдум, или во парламентот во присуство на мнозинство од две третини од пратениците – нешто со кое сами по себе не располагаат. Додека процесот што оди дотаму останува нејасен, претседателот Ердоган е сигурен за природата на системот, кој го нуди. За тоа мајсторот на реториката има друга метафора: “Турскиот претседателски систем нема да биде иста како оној на САД – ниту ќе има нешто заедничко со диктатурите на Африка”, рече тој на скептиците минатиот април. “Тоа ќе биде единствен за Турција. Размислете за пчела која летање од цвет на цвет и создава единствена мешавина од турски мед “. / БГНЕС
————
Изабел Финк, агенција “Блумберг”
