Заев: ВМРО-ДПМНЕ нека почне со кампањата, па СДСМ ќе ја каже стратегијата

од Vladimir Zorba
77 прегледи

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска во телефонски разговор со „Мета“ рече дека сè уште е рано да ги открие партиските стратегии за 5 јуни.

Oдговарајќи на новинарско прашање, на 7 април на прес-конференција, Заев рече дека СДСМ „нема намера на телевизија да ги гледа изборите“.

– Сè уште е рано да ја соопштиме нашата стратегија за 5 јуни, но нека почне ВМРО-ДПМНЕ со организирање митинзи и настани за изборите, па тогаш и ние ќе ја почнеме нашата стратегија. Иако јас сум сигурен дека тоа нема да се случи – рече Заев./извор Мета

Слични содржини