ВМРО ДПМНЕ по „комуњарски “ на избори- трка со „еден коњ“ !

од Vladimir Zorba
76 прегледи

И покракј сите препораки, одлуки на ДИК, меѓународни проценки , несогласувања на останатите партии,  ВМРО ДПМНЕ си оди сам на избори.Ќе се тркаат само со себе или како во стариот систем и„ комуњарско време“,  кое го критикуваа- трка со еден коњ. И потоа ќе бројат гласови  и ќе чекаат да видат кој ќе побед!?.

titotitoisti2

Добар дел од медиумите најавуаат дек нема да ја покриваат кампањата, бидејќи тука нема плурализам и кредибилност, и нема никаква рамноправност,  а Брисел уште еднаш порача дека нема да ги признае овие избори. Сепак ВМРО ДПМНЕ ја почнуваат кампањата.

DW – Брисел: Нема ни минимум услови за избори на 5 јуни

Иако досегашните плурални изборни процеси беа со полна пареа и агресивно рекламирање, за престојните парламентарни избори ВМРО ДПМНЕ изборната кампања ќе ја тера без митинзи , и само  на терен со лични контакти и средби со граѓаните. Ваквиот старт на изборната кампања велат од партијата е поради политичката состојба иако не ги откриваат кои места ќе бидат на изборната агендата.

Од опозициската СДСМ велат дека  почетокот на изборната кампања не е ништо друго туку свесен обид за ескалација на кризата од страна на Никола Груевски која на крајот ќе му се врати како бумеранг. Партискиот портпарол Шилегов вели дека СДСМ во моментов е фокусирана на реален излез од политичката криза кој е можен со свикување на итна седница на Собранието  и поништување на аболицијата.

Слични содржини