Пендаровски : Лидерството од Пржино сега е нерелеванто и не треба веќе да се преговара со Груевски

од Vladimir Zorba
171 прегледи

Со секја почит кон лидерот на СДСМ Зоран ЗАЕВ но останатите се нерелеванти, и во евентуално нови договор по  Пржино  не може само тие да решаваат  за иднината на Македонија. Мора тука за почеток да бидат вклучени  и претставници на Шарената револуција, порача претдедателскиот кандидат Стево Пендаровски на вечерашната Топ тема на Телма

стево

Содржината на Пржино не се опредмети, и тој е мртов договор. СЈО е убиен, нема притвори и постапки., и затоа излезе и Шарена револуција , тоа е потврда дека ништо не функцоинира од тој пржински пакет. Па ако сакате  и  изборите и  датумите им пропаднаа или  ако сакате не се испочитуваа,  нефункционално е , и нема демонтажа на системот на Груевски

Треба воошто да се разговара дали да се разговара со Груевски,порача Пендаровски , и   треба д сае направи формат  на разговори од типот со името , посредно , туку треба да преговара меќународниот фактор а  после ние со него – тој не почитува ништо друго. Немам верба во човек кој закажува еднопартиски избори и нема што да се преговоара со Груевски , е изричит  Стево Пендаровски

Тој додава, СЈО дојде до сметките на власта, до големи трансакции и сомнителни бизниси кои се истражуваа,  и затоа дојде до таа брза  аболицијата на власта. И токму поради тоа  нема што да се преговара во ваков пакет како  досега.  Ако Груевски си спроведе  избори тие ке се соочат со отворање на тие скриени сметки  пред јавноста ,  ќе  следи изолација со црни листи за водството на ВМРО ДПМНЕ, и токму поради тоа сметам дека пржинскиот договор е мртов и потребен е друг,  и треба да има друг развој и насока  на настаните за излез од кризата.

Времето на партизанските споменици поминаа и нема повеќе првоборци и второборци, вели во „Топ тема“ Пендаровски имам соработка со Заев и Шеќеринска,  но не гледам дека треба повеќе од тоа што го имаме,  а тоа се повремени  месечни средби

Слични содржини