Уставниот суд денеска или утре  ќе расправа за две иницијативи , кои се од суштинско значење за идните насоки и текови на општествотои на меѓународната позиција на Македонија. Од оваа нивна одлука ќе зависи и брзината и последиците од разврската на кризата.

Едната  иницијатива е на Талат Џафери од ДУИ кој побара да се прогласи неуставна одлуката за распуштање на парламентот. Тоа би отворило пат за негово свикување и одложување на изборите.

Втората иницијатива е од граѓанин кој бара поништување на аболицијата од Иванов.

И колку за илустрација да не заборавиме  на 18 февруари годинава, тој со мнозинство гласови веќе отфрли таква иницијатива (една поднесена од Павле Трајанов и друга од Тодор Петров). Според Решението, основното образложние беше дека Одлуката на Собранието не претставува пропис, односно акт подобен за уставносудска оценка.

И сега на потег е Уставниот суд на Македонија.