Судската администрација во цела Македонија повторно излегува на штрајк кој ќе трае сѐ до исполнување на барањето за зголемување на платите од 35 отсто,информира Сведок.
Тие бараат Министерството за правда и на ним да им ги зголеми платите, како што тоа беше сторено за јавните обвинители и судиите. Од Синдикатот на судските работници (УПОЗ) велат дека за нивното барање имаат одобрение од Владата на Македонија, но проблемот запнал во Финансии.
Трпе Деаноски, генерален секретар на УПОЗ истакна дека постои голема нервоза кај судските работници поради незголемувањето на платите на најбројните вработени во судовите.
– Сакам да напоменам дека се оградуваме од штетните и несакани последици. Ги повикуваме надлежните уште утре да започнеме преговори и да потпишеме договор за исполнување на нашето барање – нагласи Деаноски.
Во судовите ќе се работат само итните предмети: притвори предмети, стечај, старателство, издавање на уверенија за патувања во странство и вработувања.
Судската администрација во последниве две години нагло се зголеми за над 30 проценти, откако десетици луѓе беа примени во судовите и обвинителствата преку наводните вработувања во „Македонски шуми“.
Во оваа акција биле примени и голем број луѓе кои никогаш претходно немале допирна точка со судска работа, па сега судиите мака мачат да им објаснат основни работи, како што се: составување на записник, комплетирање на предмет-лепење на повратници, пишување писма до други органи, повикување на странки.
Текстот во целост прочитајте го тука