Координаторите на пратеничките групи на ВМРО ДПМНЕ и на ДУИ, доцна попладнево поднесоа во процедура измени и дополнувања на шест закони, потврди за 24 вести координаторот на пратеничката група на ДУИ, Талат Џафери.
Според информациите, опфатени се законот за општа и управна постапка, законот за управни спорови, законот за помилување, законот за заштита на приватноста, потоа законот за изменување на изборниот законик, како и законот за заштита на личните податоци.
Првите два закони се поврзани зголемување на ефикасноста во управните постапки на државната изборна комисија, третиот е закон кој претходно беше најавен и од ДУИ и од ВМРО ДПМНЕ, а со него на претседателот на државата му се дава можност да изврши поништување на одредено помилување или да ја повлече целосно аболицијата, четвртиот е всушност одложување на примената на законот за заштита на приватноста, попознат како за бомбите. Поточно се одложува неговата примена до први јули 2017 година, а дотогаш оваа проблематика ќе биде опфатена во рамки на кривичниот законик./24 вести