138
До Собранието денеска пристигнаa две иницијативи за повлекување на аболицијата на претседателот Ѓорге Иванов.
ДУИ ќе предложат амандмани за дополнување на Законот за помилување со кои претседателот ќе има право да ја укине аболицијата за сите 56 лица или одделно да ја повлекува на барање на лицата што ги помилува.
СДСМ бара Законодавно-правната комисија преку автентично толкување на Законот за помилување да донесе решение дека членот 11 од Законот за помилување не постои и по таа основа Иванов не можел да донесе одлука за помилување.