Би го рушел тоа што е направено, што ја деградира современата архитектура во Скопје, истакна архитектот Георги Константиновски, во врска во реакциите дека фрлањето боја врз објектите од проектот „ Скопје 2014“ од учесниците во Шарената револуција, е скрнавење на културното наследство, информира Телма.
Според него тој проект претставува срам за архитектите и бришење на многу значаен историски период за нашата земја.
Целата светска стручна јавност ни се смее за градбите од проектот „ Скопје 2014“. Тој е срам за државата. Треба да се засрамат архитектите што се продадоа за пари, а произлегле од нашиот Архитектонски факултет, вели новиот почесен член на МАНУ, архитект Георги Константиновски. Според него не е скрнавење што демонстрантите од Шарената револуција врз тие градби фрлаат боја.
Јас мислам дека воопшто не е скрнавење. Дури јас би бил и поостар, дури би го рушел тоа што е направено , што ја деградира современата архитектура во Скопје. Тоа е бришење на еден многу значаен историски период за нашата земја и ова што се прави сега е тотално недозволиво. Цел свет се смее, цел стручен свет, вели академик Георги Константиновски.
Целиот текст можете да го прочитате тука