Аболицијата веднаш или црна листа за 60 лица од Македонија

од Vladimir Zorba
129 прегледи
еу2

Меѓународните претставници од земјава подготвиле црна листа на која се нашле околу 60 луѓе, политичари, бизнисмени и лица во потесен или поширок круг околу почитичарите кои биле мамки во криењето на вистинската сопственост на фирмите и сметките во странство, дознаваСведок, од доброинформирани извори во меѓународните организации во Скопје.

Според истите извори, на барање на овие претставници, релевантни институции, како Специјалното обвинителство, банки, и други финансиски институции кои се должни да комуницираат и разменуваат податоци со нивните европски и американски колеги, доставиле податоци за имот и сметки на лица, за кои постојат сомневање дека е стекнат на незански начин, со перење пари или со трговија на оружје и дрога.

По дополнителни истражувања, тврдат изворите на Сведок, листата била составена и на неа се нашле околу 60 луѓе, дел од нив анонимуси – непознати за пошироката јавност, но токму тие биле управители на повеќе фирми преку кои одел патот на парите.

Слични содржини