(ВИДЕО) СДСМ: Зошто парите од хонорари за консултански услуги на Пешевски оделе преку офф шор компанија на Кипар?

од desk3
108 прегледи

Криминално-корупциските скандали се секојдневие за владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Се отвори нов корупциски скандал по признанието на Владимир „дил-ориентед“ Пешевски дека се уште е директор на компанија од Кипар.

Пешевски го криел овој факт.

Не ја пријавил компанијата во Анкетниот лист а директорската позиција ја криел и во неговата биографија. Спротивно на Законот за спречување на судир на интереси и законските регулативи.

-треба-да-одговара-за-нов-корупциски-скандал

Сега Владимир Пешевски е фатен жив и наместо неуспешно да се правда треба да одговори:

Зошто парите од хонорари за консултански услуги оделе преку офф шор компанија на Кипар?

Колкави приходи пријавил и колку данок платил за тие приходи во Македонија?

Што криел Пешевски години наназад од јавноста?

Пешевски пееше патриотиски песни, едно име имаме, на митинг на ВМРО-ДПМНЕ ама не му било проблем на Кипар да биде запишан со референцата ФИРОМ. Ете колку е провиден лажниот патриотизам на корумпираниот врв од ВМРО-ДПМНЕ.

Кај членови на Совет беа констатирани судири на интереси поради извршување на две функции истовремено, за пратеници беа поведени неосновани постапки ама за Владимир „дилориендет“ Пешевски Антикорупциската комисија молчи.

Државната комисија за спречување на корупција е должна да ја објави изјавата на Пешевски за судир на интереси и да отвори предмет.

Во спротивно членовите на Државната комисија за спречување на корупција се сторители на кривично дело и ќе одговараат пред правдата.

Овој нов корупциски скандал е уште една потврда дека на Македонија и е потребно враќање на правото и правната држава.

Аболицијата мора да биде поништена целосно. Секој што го прекршил законот мора да одговара и ќе одговара.