Социјална психоза на страв-Данци и Норвежанец го направија најлошиот обид за продажба на автомобили во светот

од desk3
77 прегледи

Дански пар сакала да купи во норвешкиот град Берквик камион на старо. Продажбата не се случила по планот, пишува The Local, цитиран од “Фокус”. Сопругот и сопругата се возеле кон градот, за да купат камион на старо од локален жител. Откако ја поминуваат ноќта во хотелот на градот двојката се упатува кон адреса на продавачот, кој живее во предградието на градот, но гледа дека патот им е блокиран од друго возило. Возачот на другото возило сигнализирал на парот да запре, но наместо тоа, тие го заобиколуваат. “Тие помислиа дека колата која го блокирала патот целела да ги запре со лоша намера”, изјави прес-секретарот на локалната полициска станица Ависа Нордлис.

1463817032-1

Откако Данците свртуваат, возачот почнува да ги следи, што ги тера да се јават на полицијата. По пристигнувањето полицијата открива дека мажот, кој го блокираше патот која ја уплашил двојката е всушност продавачот на камионот, кој сакал да ги пресретне купувачите, за да може да ги однесе дома.

“Кога се обидовме да им објасниме на двојката што се случило, тие не сакаа да не слушнат. Сакаа од полицијата да ги придружува до границата, но им објаснивме дека нема причина за тоа “, додаде прес-секретарот. “Тие беа доста исплашени од” планинскиот мајмун “, додаде таа.

Данците се вратија дома со празни раце, а норвешкиот продавач ја пропуштил продажба на камионот во обид да пројави дружељубие.