Чавков го врати помилуваниот Пуки за командант на Алфите – осомничен од СЈО за „Тортура“

од Vladimir Zorba
129 прегледи

Старо-новиот министер за внатрешни работи, Митко Чавков експресно, по елиминацијата на Оливер Спасовски, ги враќа работите по старо, односно на принципот МВРО-ВМРО, за кој слушнавме од „бомбите“.

mitko-cavkov-11-670x400[1]

Според порталот Либертас, Чавков веќе го сменил Примислав Димовски од командант на Алфите и на позицијата го вратил Ивица Анчевски – Пуки.

Се работи за еден од 56-те помилувани од страна на претседателот Иванов, кој, колку што е познато, нема побарано повлекување на аболицијата.

Пуки е еден од осомничените во случајот „Тортура“ на Специјалното јавно обвинителство, случај за апсењето на Љубе Бошкоски.

ljube_apsenje_0[1]

СЈО покрена истрага против Сашо Мијалков како нарачател, против Пуки, од позициајата командант на Алфите и уште 6 лица кои го апселе Љубе Бошкоски на 6.6.2011 година. За нив не беше побаран притвор, туку само мерка на обезбедување и забрана за вршење на овластувања за полицајците кои и натаму работат во МВР.

Сега, освен што тој е помилуван, се враќа на старото работно место, да ја води специјалната полицискa единицa Алфа./извор Либертас

 

Слични содржини