Четврти земјотрес во рок од 1 час во Македонија – епицентарот во Вранештица, Слепче, Јанковец

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Македонија во последниот час ја тресат земјотреси што ги вознемирија жителите на југозападниот дел.земјотрес

Четвртиот земјотрес се случи во 19:37 со епицентар во селото Јанковец, во близина на Ресен, со јачина од 3,2 степени по рихтеровата скала.

507821.local[1]

21 минута претходно третиот земјотрес беше во 19:16 часот со јачина од 4,1 степени по рихтеровата скала, со епицентар во Слепче, демирхисарско.

507817.local[1]

Претходно два силни земјотреси беа почувстувани во Македонија во рок од 8 минути – првиот во 18:33 часот со јачина од 4,8 степени по Рихтер и вториот во 18:41 од 4,9 степени по рихтеровата скала.

507813.local[1]

Епицентарот на двата земјотресите бил во околината на Вранешница, а беа почувстувани многу пошироко, во охридско-струшкиот регион, но и во битолскиот, како и во други делови на Македонија.

Нема информација за материјални штети, но предизвикаа вознемиреност кај граѓаните, а дел од нив се излезени надвор од своите домови.

Слични содржини