(ВИДЕО) Шилегов му упадна на прес на Чибишев- кавга и бркање на улица…

од desk3
107 прегледи

Аболицираниот Никола Груевски тргал на страна секој месец по 10.000 евра или за една година официјално станал побогат за 118.629 евра, соопшти денеска на прес-конференција портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Тој ги покажа анкетните листови на Груевски за 2014 и 2015 година, кои доскорешниот директор на Државната комисија за спречување на корупција не сакаше да им ги покаже на новинарите, минатиот месец на прес-конференција.

– Груевски, ги зголемил заштедите на американските долари, швајцарските франци, британските фунти на неговите девизни сметки, но најмногу ги зголемил сумите во денари и во евра. Пријавувал приливи во банка од по 300.000 денари, но и по 3 милиони денари. Интересно е дека за овие големи приливи од по 2 милиони и 3 милиони во 2015 година Груевски во анкетниот лист се правда дека му биле од 2005 и 2012 година. Но ако е така, зошто не му биле пријавени во анкетниот лист од претходната, 2014 година? Нето платата на Никола Груевски изнесувала 88.139 денари – рече Шилегов.

anketen list gruevski

Дека Груевски не се потпирал на неговата плата, посочи Шилегов, покажува графата за основот на стекнување.

– Тука, Никола Груевски, како што е наведено, или не дал податок, или рекол дека ги стекнал парите на друг начин. Никола Груевски не одговорил на Антикорупциската комисија, но мора да им одговори на граѓаните: Кој е тој начин на којшто Никола Груевски заработува, така што за една година успеал да заштеди 118.629 евра? Граѓаните слушнаа од „Вистината за Македонија“ и за оф-шор релациите на Груевски со рајските земји, за милионски тендери и провизии, за милионски парцели на Водно. Ова е уште една причина зошто на Груевски му се потребни аболициите од Ѓорге Иванов. Нему и на неговите соработници. Аболиција целосно мора да се поништи и сите кои правеле злоупотреби на штета на граѓаните ќе одговараат – додаде Шилегов.

anketen list gruevski 2

 

Веднаш по оваа прес-конференција, ВМРО-ДПМНЕ со пратеникот Андон Чибишев оджа прес со кој обвини дека два нови стана од 72 и 64 м2 плус помошни простории е имотот кој го купила фамилијата Шилегови. Двата станови се на името на Јасмина Шилегова, сопруга на Петре Шилегов. Сумите кои биле уплатени од страна на Шилегови се 75.206 евра, и 84.494 евра. Со сопственоста се стекнале пред неполна година поточно на17.07.2015-та.

На самиот нстан таму падна и Шилегов, каде имаше кавги и објаснувања, по што следеше и партиско соопштение…

“Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Андон Чибишев, избега од портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, избега од фактите и вистината.

Шилегов го повика Чибишев од ВМРО-ДПМНЕ да каже што не му е јасно околу законски стекнат имот.

„Нема ништо незаконито и спорно во имотот на Петре Шилегов. Предметните станови се купени на кредит на 23 години. Направете разлика господине Чибишев помеѓу луѓе коишто чесно заработуваат и криминалците во вашите редови, на чело со Никола Груевски. Јас чесно заработувам а вие крадете од државните пари. Тоа е голема разлика.“ рече Шилегов.

Манипулациите на ВМРО-ДПМНЕ, во обид да го прикријат криминалот на Никола Груевски, не поминуваат.

Соочен со фактите и вистината Чибишев побегна, за што сведоци беа и бројните новинаркси екипи.”-пишува во соопштението на СДСМ.

gruevski

По овој настан се јави лично и Груевски, но само преку партиско соопштение. Тоја напиша:

“Денешната прес конференција на СДСМ е уште еден доказ за се што говоревме изминатиов период, односно дека очајот во партијата е зголемен до таа мера што единствениот излез го гледаат во уште пожестоко деструктивно однесување преку ширење на лаги и манипулации.

Сосема јасно и сосема очекувано е СДСМ во недостиг на проекти кои би ги промовирале во полза на граѓаните, да се свртат кон лично валкање и девалвирање на политичките противници, во обид да креираат слика дека наводно „сите се исти“.

Не сме сите исти.

Настапот на СДСМ е уште една голема лага, со која партијата се обидува да ги доведе во заблуда граѓаните.

Со сета морална и материјална одговорност тврдам дека единствениот приход кој го имам изминативе години е приходот од платата која што ја добивам. Единствениот начин на кој што заработувам е преку платата која што ја добивав. Не постојат никакви екстра приходи, сомнителни трансакции или приливи какви што сака да измисли СДСМ.

Целосна лага е тоа дека анкетните листови од 2014 и 2015 година биле сокриени. Тие беа доставени до Државната комисија за спречување на корупција и достапни на јавноста. Свесен сум дека актуелниот закон не го наложува тоа, но повторно би апелирал до ДКСК да ги стави на увид моите анкетни листови.

На граѓаните им требаат проекти и просперитет. Не им се потребни вакви валкани и невистинити сплеткарења. На граѓаните им е преку глава од кризи. Тие не го заслужуваат ова што го прави СДСМ и одговорот ќе го испорачаат кога СДСМ ќе собере храброст да излезе на избори”-наведе Груевски

Слични содржини