(ВИДЕО) Борисов за РТС: На Балканот сме мажи, сакаме празници, работиме помалку

од Vladimir Zorba
79 прегледи

На Балканот сме си мажи. Тоа е утврдено во нашиот менталитет. Луѓе сме и сме темпераментни, повеќе весели, работиме помалку, повеќе сакаме празници, ова го вели бугарскиот премиерот Бојко Борисов во интервју дадено за РТС, кое го направи српската новинарка и продуцент Мира Адања-Полак

zx450y250_2764643 (1)

Во интервјуто Борисов се сеќава на детството, кога Бугарите и завидувале на Југославија, која за нив таа била Запад.
“Јас тогаш живев во едно гратче Банкја, тоа беше прва линија, на 80 километри од Ниш и од куќата ни можеше да се фаќа телевизија Белград. Само што тогаш милицијата секое утро не обиколуваше во 06.00 часот да видат, ако има антена насочена кон Белград и татко ми, Бог да го прости, беше направил антената со два правца – 2 за бугарска и српска телевизија. Вечер како се стемни и не се гледа, ме буди, одам свртете ја антената и целото маало се собираше да гледа, бидејќи тогаш југословенската телевизија даваше фудбалски и боксерски натпревари, а имаше и забавни програми. И како ќе заврши програмата во текот на ноќта, ме буди, и јас идам ја местам антената и пак легнувам “, раскажа Борисов.

Бугарскиот премиер наведува дека војната во Југославија го вратила Балканот назад. Тој вели дека дава целосна поддршка за влез на Србија во ЕУ.

“Кога сме зборувале во Брисел секогаш сум велел не може меѓу Бугарија, Хрватска, Словенија, Австрија, Германија да има една црна дупка, која да не е во ЕУ – Србија. Значи имате надеж и цела моја помош и поддршка српскиот народ за влез во ЕУ “, вели уште Бојко Борисов.
Размислувајќи за разликата помеѓу Источна и Западна Европа тој посочува: “Цели генерации работеле со мислата дека државата е најдобар домаќин и најважно е државата и институциите и да се најсилни. Додека во Европа одамна демократијата дошла. на Балканот луѓето се темпераментни, повеќе весели, работат помалку, повеќе сакаат празници. Додека кога одиш во Германија сите во 22.00 часа легнуваат да спијат и се подготвуваат за работа наутро, а одиш во Белград или Софија – во 22.00 часот почнуваат да излегуваат за ресторан. Менталитет е друг. Но, кога има пазарна економија и знаеме веќе дека само со работа се постигнуваат резултати, пари – и ние ќе се промениме.