Хотелиерите и ресторатерите на охридско-струшката а ривиера мака мачат да обезбедат кадар за работа. Најдефицитарни се готвачите и келнерите кои се водечка сила во индустрија, а проблемот е најизразен во главната туристичка сезона, информира Телма.
-Децата што вредат малку повеќе гледаат да избегаат во околните земји, дали тоа било Грција, Црна Гора или Хрватска, да изразботат неколку месеци таму и да се вратат назад. Мора да признаеме дека ова е сезонска работа од мај до октомври. – вели Крсте Блажески од ХОТАМ.
Охрид има средно угостителско училиште и Факултет за туризам кој продуцира кадар веќе 45 години. Во меѓувреме иако низ земјата се отворија повеќе други високообразовни установи проблемот со квалитетен кадар во угостителството наместо да се намалува се зголемува. Причините лележат и во еснафот кој не ги следи светските трендови и не вложува во едукација на потребниот кадар, смета туризмологот Науме Мариноски.
-Во РМ дојде до наплив на факултети за туризам и угостителство кои не секогаш одговараат на предизвиците. Исто така и еснафот – коморите треба повеќе да инвестираат во кадар, а тие за тоа не се заинтересирани. – вели Мариноски.
Многу Македонци се на високи менаџерски позиции во познати туристички брендови во светот, посочува Мариноски, додавајќи дека таму, за разлика од Македонија каде се’ уште се форсира таканаречениот семеен бизнис, се цени реалното знаење визави дипломата и разните сертификати.
Целиот текст можете да го прочитате тука
