(ВИДЕО) Потегот на ДУИ, партиска игра или решение на кризата – аналитичарите поделени

од Vladimir Zorba
129 прегледи

 

 

Поднесувањето на иницијативата до Уставен суд како и предлог измените за шест закони меѓу кои и за Законот за помилување, помина со жестока дебата на линијата ДУИ-СДСМ. Од опозициската СДСМ го обвинија ДУИ дека со овие потези работи во интерес на ВМРО-ДПМНЕ, анализира ТВ21.21553mala-20336

Од ДУИ пак, велат дека она што тие го направиле, било услуга за СДСМ која не сакала избори на 5 јуни. ВМРО-ДПМНЕ со поумерен став, го прифатала предлогот на коалициониот партнер во интерес на извлекување на државата од криза.

Според аналитичарот Рамадан Рамадани, ова е уште една политичка игра на ДУИ, која во конкретниот случај ги штитела пред се своите, потоа интересите на коалиционата ВМРО-ДПМНЕ.

„ДУИ пред се е политички субјект и играше политички, но таа политика не и прави добро на државата. Особено со потегот за селективна аболиција, кој се коси и со Договорот од Пржино и со препораките на меѓународната заедница. Ова што се случи, ја враќа Македонија многу чекори назад од евроатланскиот пат.“, рече Рамадани.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини