„National“: Масовно прислушкување, прикривање на убиство – македонската влада е во криза

од Vladimir Zorba
109 прегледи

Можеби се работи за мала држава од само 2,1 милиони луѓе, но Македонија е под удар на скандал со епски размери, наведува шкотскиот The National во анализа за политичката криза во земјава.

vesnik-700x470-670x450

Во текстот се наведува дека конзервативната Влада која станува авторитарна се поврзува со покривање на убиство и масовно прислушување.

„Прислушувањето покажува корупција во Владата, злоупотреба на фондови и неосновани криминални гонења на противниците“, пишува шкотското издание.

Понатаму се додава дека додека Македонија била на насловните страници поради затворање на вратата на бегалците, внатре во границите се случуваат протести преку кои се бара одложување на изборите. Двете поделени страни, се вели во анализата, тврдат дека оној на другата страна е манипулиран, главно од Западот и од рускиот претседател, Владимир Путин.

Во објаснувањето на потегот на Ѓорге Иванов за аболицијата, се наведува дека се појавил и транспарент со натпис: „Заменете го претседателот со 10.000 бегалци“.

Во анализата се вели и дека Груевски и Иванов ја имаат поддршката од Русите.

текстот во целост прочитајте го тука

Слични содржини