Синоќа е изврешен упад во просториите на Општинската организација на СДСМ Кисела Вода, каде се однесени партиски материјјали, списоци и компјутери.
Насилно се обиени бравите на 6 врати од просториите, украдени се 3 лаптоп комјутери, 2 деск компјутери и еден прожектор. Дополнително оштетени се уште 2 комјутери од коишто се извадени хард дискови и други делови.
Насилниот, криминален чин е пријавен во МВР а за него ќе бидат известени и меѓународните претставници во земјава и мисијата на ОБСЕ/ОДИХР.
СДСМ најостро го осудува овој инцидент и бараме МВР да преземе итни и ефективни мерки за откривање на сторителите за нивно соочување со правдата.Очигледно е дека враќањето на правдата, слободата и демократијата во Македонија ги прави нервозни криминалните структури во земјава.
Едно треба да им биде јасно на сите: правда ќе има, секој што го прекршил законот ќе одговара, се вели во соопштението на СДСМ.