(ВИДЕО) Берлин/Лондон: Партиите повеќе не смеат да си играат со трпението на меѓународната заедница

од desk3
78 прегледи

Берлин е „екстремно загрижен за внатрешно-политичката состојба во Македонија“, порача денеска од Брисел германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот, и потенцира дека земјава итно мора да ги исполни двата услови, односно создавање услови за демократски и слободни избори и целосна поддршка за работата на Специјалното јавно обвинителство.

germany_berlin_reichstag_government_quarter_10

– Политичките партии повеќе не смеат да го ставаат на тест трпението на меѓународната заедница и на Европската Унија и мора да остварат конкретни резултати. Македонија повеќе не смее да се оддалечува од Европа, туку мора да се врати назад на патот на приближувањето кон ЕУ – изјави Рот.

На инсистирање на Германија, состојбата во Македонија е ставена на дневен ред на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.

Пред две недели, шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер за свој специјален претставник за Македонија го изменуваше Јоханес Хајндл, актуелен амбасадор на Германија во Виена, кој во два наврати ја посети земјава.

Британскиот секретар за надворешна политика, Филип Хамонд денеска исто така во Брисел соопшти дека постои поширока загриженост за ситуацијата во Македонија.

hamond-1

– За земја каква што е Македонија, чија траекторија се Европа и НАТО, има јасни стандардите кои очекуваме да ги разгледаме. Очекуваме во сите земји-апликанти да видиме постепено подобрување, рече Хамонд.

Британскиот министер рече дека меѓународната заедница треба да испрати јасна порака дека нема да го толерира назадувањето на земјата.

– Говорејќи отворено и искрено, во случајот со Македонија, изминативе девет месеци или повеќе, видовме дека нештата се движат наназад. Мораме да бидеме многу јасни и отворени со Македонците дека ако видиме оти работите назадуваат, нема да може да напредуваат во соработката со ЕУ и НАТО. Мора да го сметат негативниот тренд, во спротивно ќе ги изгубат сите бенефиции од асоцијацијата со Европската Унија и НАТО – рече Хамонд.

 

МЕТА

Слични содржини