Своевремено мнозинството во Полска, Чешка, Унгарија и Словачка сонуваа за ЕУ. Штом станаа дел од него сепак, Заедницата почна да ја губи привлечноста . Денес овие земји се обратија на “либерални демократија”- коментира FAZ.
Еуфоријата која ги обзема земјите од Вишеградската четворка (Полска, Словачка, Чешка и Унгарија) во почетокот на новиот век, е речиси неповратно одлетна во денешната Европа на стравот, недовербата и стагнацијата. Од “враќањето во Европа”, се разбира, како влез во НАТО и ЕУ, нациите, избегале од комунизмот, се надеваа да добијат слобода и самостојност, безбедност и растечка благосостојба.
Тие очекуваа меѓутоа и друго: дека членството во ЕУ ќе им помогне да ги обезвластат корумпираните комунистички елити во политиката и економијата, да ја ослободат правдата и да ја решат чесно и транспарентно јавната сфера. На референдумите кои се одржаа во пролетта 2003, триумфираа приврзаниците на европското членство: 77% во Чешка, 78% во Полска, 84% во Унгарија и 94% во Словачка се изјаснија “за” ЕУ.
Како ЕУ ја загуби привлечноста си
Но кога едвај станаа дел од Заедницата, расположението таму се промени. На Брисел веќе не се гледа како на сојузник во борбата против корумпираните елити во сопствената земја, туку како на сојузник на предметните стари елити, кој им помага да излезат од обврската за отчет пред јавноста, пишува уште во 2007 бугарскиот политиколог Иван Крастев. Како резултат на тоа, според Крстев, се јавува политика во која популистите заземаат отворено антилиберални позиции, додека елитата тајно исповеда анти-демократски расположенија. Крстев, кој е брилијантен познавач на источноевропските општества го нарече својот есеј на оваа тема “Часот на популистите”.
Македонија: За каква влада преговараат?
По пристапувањето на овие земји кон ЕУ започна нова ера: европскиот проект започна да ја губи привлечноста . Гласачите беа се почесто склони да ги казнуваат проевропски настроените елити и наместо тоа да одобруваат заштитата на националниот суверенитет и националното чувтсво. Овој тренд се засили постојано во текот на миграциската криза. Владите на земјите од Вишеградската група знаат дека мнозинството од населението во нивните земји денес одбива воведување на задолжителни квоти за распределбата на бегалците.
Што за едните е популизам, за други е демократија. Во 2005 полските национал-конзервативци за првпат победија на изборите во нивната земја, во 2015 – за по втор пат. Во Словачка Роберт Фицо управува со својата левопопулистичка партија “Смер-социјална демократија” од 2006 до 2010, како и од 2012 до 2016. По исклучок од лошиот резултат на парламентарните избори во март оваа година, Фицо се уште е на власт. Во Унгарија избирачите ја претпочитаа власта на партијата на Виктор Орбан “Фидес” во 2010, како и во 2014 со двотретинско мнозинство. Во Чешка деценијата на бурни политички кризи заврши во 2013 со директниот избор на левиот популист Милош Земан за шеф на државата, како и со целосен пораз на проевропските конзервативни партии и подемот на популистичката ОНА на милијардерот Андреј Бабиш.
Се разбира, постојат големи разлики меѓу католичките полски националисти и словачките левичарски популисти, меѓу конзервативната “Фидес” во Унгарија и чешката партија на претприемачите, која се врти ту лево, ту на десно во зависност од расположението на својот сопственик.
Само што поразите на унгарските социјалисти, на полските либерали, како и на чешките и словачки конзервативци покажуваат дека шансите за успех на партиите во земјите од Вишеградската четворка се намалуваат во иста мера во која овие партии се идентификуваат со ЕУ. Од штотуку објавена анкета станува јасно дека само 37% од Чесите доживуваат доверба кон ЕУ – тоа е најнизок резултат од 2004 година наваму.
Во 2014 Орбан најави дека се поставува ерата на либерални демократија
“Тиранијата на мнозинството”
Во источно-централна Европа почнува да се наметнува еден радикален демократизам кој не се плаши од тоа дека правниот поредок дава “колатерални штети”. Оваа “тиранија на мнозинството” е насочена против “оние горе” (т.е. ЕУ и сродни национални елити, банките и странскиот капитал), а често и против “оние подолу” (Ромите, мигрантите и други етнички, верски или сексуални малцинства).
Местото на желбата за реформи и модернизација беше зафатено од еден национален и социјален протекционизам, кој тврди дека може да се заштити локалниот живот од последиците на европеизацијата и глобализацијата, и најмногу од предизвиците на мултикултурализмот и масовната миграција.
Така Виктор Орбан пример објави дека се поставува “нова ера” во која Либерализмот и либералната демократија требало да отстапат место на традициите, патриотизмот, моралот, религијата и семејството.
Но балансот меѓу демократскиот принцип за мнозинството и либералниот конституционализам, кој ја ограничува волјата на гласачите, не е загрозен само во Источна Европа, туку секаде каде што политиката се прави во името на Volonté générale ( “Ние сме народот”). Може да се покаже дека Полска, Словачка, Чешка и Унгарија во моментов испробаните модели постепено се применуваат и во други европски земји.
“Франкфуртер Алгемајне Цајтунг”

