(ВИДЕО) СДСМ: Демократски промени за подобро образование

од desk3
65 прегледи

На денот на сесловенската писменост може да констатираме дека она што беше направено во образованието во изминатите 10 години е катстрофално лошо.

Тоа го потвдија и наставниците, и професорите и студентите и учениците и нивните родители.

Во образованието, како и во останатите сфери во нашето општество се потребни темелни промени.

-промени-за-подобро-образование

Илјадниците граѓани коишто секојдневно протестираат бараат промени и подобро утре. Бараат и подобро образование.

По демократските промени, екстерното тестирање, за кое уште еднаш кажуваме дека е една чиста импровизација со која не може да се измери ништо, ќе биде укинато.

Ќе бидат поништени сите оценки што сега на децата неправедно им се внесуваат во свeдителствата! Казните ќе бидат укинати!

Многу скоро, заедно со наставниците и професорите ќе изградиме модел на евалуација кој ќе мери кое училиште колку постигнало, но и ќе мотивира и наградува!

Ќе бидат изработени подобри учебници! Ќе бидат направени современи курикулуми по мерка и на општеството и на економијата.

Во односот кон образованието се гледаат сите политички разлики меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Ние сме за креативност, тие се за контрола и казни!

Ние сме за интегрирано образование, тие се за поделби и раздор!

Ние сме за јавни политики, тие се за телефонски наредби и закани!

Има разлика!

СДСМ е за изградба на современо, европско образование, но и за слободна, демократска и интегрирана Македонија!