На меѓународна изложба во Пекинг беше претставен автобусот на иднината. Тоа е електричен бус кој се движи над останатите возила, а во него можат да патуваат над 1000 души.Супер транспортерто беше претставен на саемот International High-Tech Expo 2016 во кинеската престолнина. Според креаторите тој е мешавина од трамвај и автобус. Бидејќи ќе се движи на специјални шини и ќе се движи со помош на електричната енергија, соопштува gbtimes.com.
Тој ќе поминува брзо, дури и во метеж, бидејќи ќе се движи над другите возила. Ќе биде широк речиси 8 метри и долг – 32 метри. За качување и слегување патниците ќе користат специјални скали.
Покрај тоа ќе биде многу поевтин транспорт во споредба со останатите.
Проектот беше претставен во 3D-макета и многу ги импресионира посетителите на саемот. Скептиците се сомневаат дека тој навистина ќе биде имплементиран во реалноста, бидејќи некоја повисока машина може да го блокира.
