Струмичките земјоделци со тракторите го блокираа градот, ниски се откупните цени на доматот

од desk3
63 прегледи

Со 200 трактори низ улиците и блокирање на главната крстосница во Струмица, земјоделците денеска го искажаа својот револт од ниските откупни цени на доматот, кој во моментот се откупува по 15 денари од килограм.Речиси еден час со вклучени сирени возеа по струмичките улици. Бараат Владата да ги заштити оти земјоделците работат во загуба а фабриката на отворено веќе две години колабрира.

zemjodelci-protest-698x357

„Ваква цена во овој период, во последните десет години е незабележана“, вели Коце Божиков, земјоделец од село Дабиле.

135620

Замјоделците објаснуваат дека нивното трпение е при крај и доколку во текот на наредните денови надлежното минситерство остане глуво на нивните барања за средби, протестите ќе ги радикализираат.

Грчката полиција започна расчистување на миграцискиот камп кај Идомени

Велат дека десет години преговараат со актуелната власт, но без никаков ефект, затоа што според нив, состојбата во земјоделството е се полоша.Деновиве откупните цени на зеленчукот паднаа за речиси 50 одсто. Земјоделците се во паника бидејќи не гледаат излез. Побараа Владата сериозно да се посвети на аграрната политика оти цели 10 години се повторуваат истите проблеми.

 

Извор:24 Струмица

Слични содржини