Околу 12 000 мигранти се блокирани во кампот Идомени на границата меѓу Грција и Македонија.
Дрон го сними бегалскиот камп Идомени на грчко-македонската граница, на првиот ден од операцијата што ја презедоа грчките власти за расчистување. Илјадници бегалци ги собираа своите предмети и се качија на осигурени од властите автобуси. Над 400 полицајци од одделот за борба со безредијата влегоа во кампот, иако немаше податоци за случаи на агресија и насилство.
Инаку, околу 12.000 мигранти се блокирани во кампот Идомени на границата меѓу Грција и Македонија. Во април грчките власти растурија летоци во кои ги повикуваа мигрантите да го напуштат Идомени и да се упатат кон Солун, каде ќе бидат префрлени во подобри услови.
Грчките власти се обидуваат да се приспособат барем 4500 луѓе во четирите кампа во Орајокастро и Калоксори што е половина од жителите кои сега се во кампот Идомени. Новите кампови се во процес на градење.
Източник: Ruptly
