ЕУ канцеларијата во Скопје ја откажа средбата откако претходно и откажаа поканетите

од Vladimir Zorba
159 прегледи

За денеска во ЕУ инфо центар беше закажана средба со  граѓански и НВО организации со кои требаше да се зборува за актуелната политичка состојба  со претставниците на ЕУ.еуу

Според најавата  средбата требаше да почне со дружење,  размена на мислења,  а бројот на присутните беше ограничен на по еден преставник од поканетите 40 граѓански организации.

Сепак средбата на само еден час пред почетокот е откажана. Во маилот за откажување се наведува само една реченица дека средбата се откажува и од ЕУ делегацијата во Скопје се извинуваат за предизвиканите непријатности за ова задоцнето откажување .

kanc
А всушност непријатноста е многу поголема пoради тоа што невладините, најголем број од нив, веќе пред да откажат од ЕУ инфо центарот во Скопје , најавија  дека нема да присуствуваат и за тоа најавија прес пред ЕУ делегацијата  во Скопје точно со почетокот на средбата.

Главното несогласување и бојкот на средбата е поканата на контрапротестантското „ГДОМ “ да присуствуваат исто на оваа средба заедно со сите останати граѓански организации.

-Дијалогот е нужност, но не можеме да прифатиме заедно да седиме на иста маса и да го игнорираме фактот дека ГДОМ на своите митинзи и средби,  јавно се залага за затворање на невладините и граѓански организации , клеветат и практикуваат  говор на омраза, отворено заговараат насилство , шират нетрпеливост и омраза и поттикнуваат  груба поделби меѓу граѓанството на предавници, петоколонаши  и патриоти. Не можеме да си го дозволиме тоа да ги изнедначиме со сите организации кои се борат за демократизација на општеството, и делегацијата на ЕУ мора да направи разлика дека не сме сите исти,  и кој е за,  а кој против европските стандарди, коментираат од организациите кои не се соглсуваат на ваква средба и изнедначување.

По реакциите одговорот пак  од ЕУ канцеларијата е дека се откажува од безбедносни причини

– Вратите на ЕУ остануваат отворени за граѓанскиот сектор, некои ја прифатија нашата покана некои не, но за жал средбата сме принудени да ја откажеме од безбедносни причини – објаснуваат од Делагацијата на ЕУ без попрецизно да кажат каков безбедносен ризик постои.

Пред малку  и граѓанските организации кои најавија бојкот на настанот,  исто така ја откажаа прес конференцијата најавена пред делегацијата на ЕУ во Скопје.

Денешната средба беше замислена како дел од консултациите за излез од политичката криза.

Слични содржини