Во првото тримесечие од годинава биле склучени 2.760 бракови, што е за 12,1 отсто повеќе во однос на истиот период лани, соопшти Државниот завод за статистика.
Од почетокот на годинава до крајот на март се евидентирани и 664 разводи, што е зголемување од 20,5 проценти во споредба со првиот квартал од 2015 година.
Намален бројот на живородени и на починати во првиот квартал
Природниот прираст во Македонија во првото тримесечие бил позитивен, но е евидентирано намалување на бројот на живородени деца во споредба со истиот период во 2015 година, соопшти Државниот завод за статистика.
Во првиот квартал се родени 5.537 деца, што е за 0,8 отсто помалку од лани.
Намалување од седум отсто е регистрирано и кај умрените лица, чиј број во првото тримесечие изнесувал 5.495, а од нив 61 се умрени доенчиња.
Природниот прираст е 42 лица, што значи дека за толку бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрените лица.
