Омилениот лик од цртаниот филм Вини Д Пу за време на својата нова авантура ја запозна кралицата Елизабета пред Бакингамската палата. Оваа приказна е објавена по повод 90. роденден на кларицата и на Пу.
Во приказната „Winnie The Pooh And The Roual Birthday“ Пупатува во Бакингамската палата со Кристофер Робин, прасето и Тигарот за да и дадат специјален подарок на кралицата.
Кралицата е насликана како го слуша Пу додека и рецитира роденденска песна откако успеал да и пријде за време на нејзината прошетка пред палатата.
Наратор на приказната во аудио и видео верзија е оскаровецот Џим Бродбент.
Приказната е достапна на интернет и бесплатна во чест на прославата на 90-тиот роденден на кралицата и Пу.
https://youtu.be/t2tSqyVJC7M