Спокојно, Ердоган блефира- ќе смекне како “јагне”

од desk3
110 прегледи

 

Ако не ги отстраните визите, ќе се откажеме од договорот за бегалците – со закани како оваа Ердоган се обидува да ги уценува Европејците. Но не треба да го земаме сериозно – сето тоа е само блеф. Еве зошто- анализира DW.

erdogan

Европа треба да се навикне на заканите на Ердоган – и треба да се научи да не ги зема сериозно. Бидејќи во наредните неколку недели провокациите ќе зачестените уште повеќе. И така додека не постигне бараната цел: Турција да стане претседателска република. За остварување на овој свој сон Ердоган има потреба од ЕУ – Заедницата треба да ја одигра улога на момчето кое губи во борбата. При овој националистички подем, кој ја обзема Турција во моментов, тоа лесно допира до луѓето, ги одушевува, а тоа му помага на Ердоган за промените во Уставот преку референдум. И ќе видите дека коха ќе стигне еднаш до самостојно управување, турскиот претседател ќе го омекне тонот.

Ако зделката навистина пропадне
Што се однесува до неговата закана да го прекине извршувањето на договорот за бегалци, ако не се укинат визите за турските граѓани – оваа закана изгледа како исплетена со бел конец, бидејќи самиот Ердоган знае одлично дека драстичното намалување на бегалскиот прилив кон Западна Европа главно се должи на затворањето на т.н.. Балкански пат, а не толку на договорот со Турција. Ако Ердоган го поништи договорот со ЕУ, Европејците ќе подигнат уште повисоки ѕидови, а Турција ќе мора сама да се справи со своите 2,5 милиони бегалци. Покрај тоа веднаш ќе секнат парите за Анкара по линија на бегалците. А се знае добро дека договорените 6 милијарди евра можат да се одразат добро за заживување на стагнираната турска економија.

Daily Mail: Британија започна проверка на законитоста на нормите на шеријатот

И уште нешто што го знае турскиот лидер: дека ако се одметна од својата посветеност за бегалци, тогаш веќе воопшто нема да може да се надева на намалувањето на визите. Ердоган ќе се обиде да ја фрли вината на “европските исламофоби”, но и во самата Турција многу луѓе знаат дека лично Ердоган, во својство на премиер, во 2013 година ги потпиша оние 72 услови за намалувањето на визите, кои и до денес остануваат неисполнети. Меѓу нив е и барањето за промена на турската антитерористичка легислатива, со што сепак Ердоган има сериозен проблем, бидејќи токму овие текстови се најцврстиот инструмент за власт врз опозицијата. И ако се покажат точни гласините дека Брисел е подготвен на било какви компромиси по ова прашање, ЕУ несомнено ќе падне во очите на турската опозиција. Се тврди исто така дека прашањето може да се реши и во рамките на усогласувањето на турското законодавство со европските норми – односно, да биде префрлено во полето на претпристапните преговори со Турција. Но верува ли уште некој дека преговарачкиот процес со Анкара ќе биде продолжен?

Ердоган има потреба од ЕУ
Кратко: Турција има потреба од Европа барем колку и Европа од Турција – најмалку во однос на бегалската политика. ЕУ е освен тоа најголемиот трговски партнер на Турција – и единствениот нејзин добротворен надворешно-политички партнер. Москва ги замрзна односите со Анкара, Ердоган одамна не добил покана за разговори во Белата куќа, а повеќето арапски соседи се држат на дистанца од него. Токму поради оваа причина германската канцеларка Ангела Меркел секој пат се враќа така опуштено по средбите со Ердоган, иако – во тоа можеме да бидеме убедени, тие сигурно не се одвиваат непречено.

Затоа Европа не треба да ги зема сериозно проповедите на турскиот претседател. Но треба да направи се што е во нејзина моќ , за да го засили грбот на демократските сили во Турција.