Први снимки од близина на површината на Плутон

од desk3
85 прегледи

НАСА објави ново видео со најдеталните до моментов слики од површината на Плутон.

Сликите со висока резолуција се направени од сондата Нови хоризонти, која помина крај Плутон на 14 јули минатата година. Од оддалеченост од близу 16 илјади километри вселенскиот апарат сними кратер, висорамнина, карпи и рамнини од азотен мраз.