Шкариќ : Иванов со подла игра му ги зароби сведоците на СЈО

од Vladimir Zorba
123 прегледи

“Претседателот Ѓорге Иванов направи тешка манипулација и покажа врвна расипаност со најновата одлука да ја повлече аболицијата за само 22 граѓани, што според него се политички експонирани лица“, изјави за СДК професорот по уставно право Светомир Шкариќ.svetomir-skarik-02

„Тие што треба да сведочат, сега се заробени. Замолчени се. Остануваат аболирани и нив Специјалното јавно обвинителство не може да ги користи во истрагите против одмилуваните: Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Сашо Мијалков, Кирил Божиновски, Мартин Протоѓер, Тони Јакимовски, Коце Трајановски и останатите.  Тие што останаа помилувани се од рангот на убиениот сведок Коста Крпач“, предупредува професорот Шкариќ.

Тој смета дека ова е една голема игра на групата околу Груевски, која се спроведува преку извршителот Иванов.

“Групата и нивната игра се откриваат. Толку е подла и расипана што нема шанси за успех. Крајот се наѕира, шансите за успех се кај Специјалното обвинителство“, тврди Шкариќ.

На прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК дали Иванов може и натаму да си поигрува на дневна основа со аболицијата и дали може пак да ги помилува политички експонираните лица што ги одмилува во петокот на 27 мај, тој вели дека ако згусти, со оглед на најавите што ги даде претседателот кога првпат ги аболираше, тој пак може да ги помилува. „Останува неговата закана од 12 април, кога ги аболираше 56-те политичари и нивни соработници, а таа гласеше: Ако треба, одново ќе ги аболирам ако се отворат други постапки против нив“, вели професорот Шкариќ.

“Овие постапки на Иванов, кои тој нема уставно право да ги врши, не се правно регулирани. Не би требало да ја оствари заканата пак да ги помилува истите функционери во наредни постапки што би ги отворило Специјалното обвинителство оти никаде нема правен основ за такво нешто. Но, претседателот нема ни ограничувања тоа да го оствари“, предупредува професорот по Уставно право Светомир Шкариќ.

повеќе тука