Николиќ: Србија нема намера да се приклучи кон никаков воен сојуз

од Vladimir Zorba
89 прегледи

 

Србија нема никаква намера да се приклучи кон каков и да било воен сојуз, но ќе продолжи да ги поддржува мировните операции на ОН и ЕУ,  изјави претседателот на Србија, Томислав Николиќ.николиќ путин

По завршувањето на вчерашната средба на регионалните лидери од процесот Брдо-Брион во Сараево, Николиќ истакна дека сити лидери од земјите во регионот покажале разбирање за ваквата одлука на Србија.

Според него, разликите што постојат во однос на членството на НАТО, е работа на секоја земја одделно.

Николиќ истакна дека искрено сака Србија да стане членка на ЕУ и дека ќе земјата ќе се потруди да ги исполни условите кои се поставени пред нив