Бранители на животните се кренаа на протест поради убиеното животно
Бранители на правата на животните продолжуваат со протестите поради смртта на горилото во зоолошката градина во Синсинати, Охајо. Горилото беше убиена од властите откако фати дете кое паднало во загражденииот простор на кафезот.
Дел од видео од инцидентот, кој се случи во саботата, покажува како мало дете падна во кафезот и е повлечено од 17 годишното машко горило викано Харамбе кој експертите го опишуваат како шест пати посилен од човек. Според вработените на зоолошката градина до убивањето на Харамбе доаѓа од загриженоста за безбедноста на детето. Семејството на четири годишното момче се заблагодарило на на вработените за “брзата реакција” и посочи дека детето се чувствува добро.
Случајот доведе до остра критика од конзерваторите. До крајот на вчерашниот ден околу 140 илјади се потпишаа во онлајн петиција во која се инсистира да се побара одговорност за смртта на Харамбе, но властите коментираат дека немаат намера да подигнат обвиненија, бидејќи не сметаат дека е извршено кривично дело.
Од зоолошката градина се одбранија со процедура за време на вакви активностите. Од организацијата за етичко односот кон животните критикуваа зоолошката градина за недостатокот на дополнителна ограда на местото и во исто време изјавија дека горилото било збунето од вриѓтењето на лужето и најверојатно инстинктивно сакало да го заштити детето.
Во меѓувреме, група луѓе организираа бдеење, а на социјалните мрежи една од најпопуларните теми беше “Правда за Харамбе”.
https://youtu.be/Vo-3RULsZ2E